Тhierry Fremont сакам да сум во авантурата
наречена "Тајна книга"
"Јас
никогаш
не сум задоволен од тоа што ќе го направам, но тоа нема никаква врска
со филмот затоа што сум задоволен да бидам во оваа авантура со останатите
глумци и фантастичнидекори. Секој план си има своја сила и смисла,
имам неверојатна доверба во режисерот и директорот на фотографија.
Интересно е да сеучествува во овој филм кој е спиритуален, симболичен
и авантуристички".
Jean Claude Carriere, после снимањето на последната
сцена од филмот:
Кога за првпат го прочитав сценариото, во него пронајдов ехо, резонанти
од минатото кое го познавав.
Ми се стори многу интересно што еден од првите Македонски
филмови го подига прашањето за потеклото на злото на Земјата, кое што
прашање е всушност базичниот принцип кај Катарите, Богомилите и Доминиканците.
"Зошто светот е толку одвратен, толку зол, кога Господ е толку
добар?" Едно од решенијата кое е донесено од страна на Катарите,
на Богомилите е дека од самиот почеток, постоел друг принцип,
не сосема еднаков на Бог, туку поразличен - тоа бил принципот на злото,
лошото. Тој бил скоро исто толку силен како Бог, но
не создаден од Бога. Значи - тоа е ересот.
Од
каде доаѓа овој принцип? Тоа е навистина старо прашање кое постојано
се повторува во историјата на човештвото и фактот што Македонскиот човек
во еден од своите први филмови се прашува "каде е потеклото на
овој принцип?" - е прилично фасцинантен.
Не постои еден народ ма светов кој што го измислил
злото... Злото им припаѓа на сите. Тогаш да некој се запраша длабоко
во себе "Дали сум зол? Дали мојот народ е зол по својата
природа од самиот почеток?Постои ли начин да сфатиме зошто и постои
ли начин тоа да се исправи, да се ослободиме од него (од злото)?"
Тоа е за мене главната тема на овој филм, она што јас се трудам да го
разјаснам. Тоа е многу старо и екстремно важно прашање, на кое што секако
нема да го разрешиме денес...и еден филм не е доволен да даде одговор
на него, но сепак тоа е барем обид да се отвори едно така важно прашање
како што е ова.
Приказната на тајната книга, која што не е книга направена од хартија,
тоа всушност не е ниту напишана книга, тоа е книга која ние ја имаме
во себе си...но само малкумина знаат како да ја читаат... само малкумина
ножат да ја кажат содржината на оваа книга. Она што менеме интересира
се сите аспекти, различните аспекти на приказната и веројатно тоа е
и причината поради која сум овде.
Овој филм има шанса да излезе како добар филм и неопходное најпрво
да стане препознатлив преку фестивалите. фестивалите се многу корисни
да ги направат филмовите корисни.Сепак, главното прашање секогаш е квалитетот,
а според она што ние го имаме овде, можеме да сметаме на успех.
Го очекуваме исходот на овој филм како што Романската
кралица Марија го чекала својот Турски љубовник - Хасан овде, во својата
палата покрај морето.