ПРИКАЗНАТА ЗА
     „ТАЈНАТА КНИГА“
Пјер Рејмонд (Jean Claude Carriere) е пасиониран иастражувач, човек кој го посветил целиот свој живот на потрагата по оригиналот на "Тајната Книга" на Богомилите, воден од чудните пораки од Балканот кои му ги носеле гулаби.

...а ова е неговиот син Шевалие (Thierry Fremont), синот кој го добил со единствената жена која ја сакал во својот живот...

...а испраќачот на овие пораки е еден чудак од Македонија. Бигорски (Владо Јовановски)

еден од четирите браќа, отец Андреј
(Мето Јовановски),
Петре Гизус (Владимир Светиев)
и Легионерот (Кирил Ристоски)...

...синот кој го напуштил понесен од своите соништа, синот кој што повторно го наоѓа непосредно пред својата смрт, понесен од желбата да му го пренесе сето знаење
кое го собрал на своите бескрајни патувања, но исто така и прашањата на кои не нашол одговор..

Секој од нив комплетно различен, но сепак, но сепак сплотени заедно, едниот симбол на верата (отец Андреј), другиот, барајќи злато го нашол злото отелотворено во општеството Гизус), и третиот, последниот бранител на честа (Легионерот), како три нишки испреплетени во битието на Македонскиот човек.

Бигорски се идентификува себеси со авторот на "Тајната Книга", книга која се претпоставува дека ги содржи принципите на доброто и злото, принципот на моќта...

...синот кој ја продолжи неговата потрага во непознатото...

 

Во таа авантура во која тој се соочува со моменти кога сонот се претвара во стварност и стварноста станува еден бескраен сон...

... наоѓа многу работи кои што воопшто не ги ни барал...

Сите оние кои што трагаат по оваа книга, всушност трагаат по патиштата кои водат кон Спознанието за животот, за изворот на моќта и овие патишта често се и многу поважни од самата цел, бидејќи одејќи по нив се соочуваме со доброто и злото, нивните извори, чудните непознати сили, толку блиску поврзани со настанокот на светот и најчесто олицетворени во улогата на Непознатиот (ѓорѓи Јолевски)...

...како љубовта која ја најде со Лидија (Лабина Митевска), докторката во менталната болница во која беше сместен Бигорски.
 

Нивната љубов го раѓа следниот циклус на животот и потрагата...

*
* *

Снимањето на филмот помина низ три етапи, на различни
локации во согласност со барањата на приказната:

Исклучителните актери дадоа нивен особен печат
на овој филм кој беше подготвен и снимен
од страна на широка интернационална екипа.

 

*
* *

Приказната за филмот е базирана на потргата по "Тајната Книга", книга напишана со Глаголско писмо (првата Словенска азбука, направена од Св. Кирил и Методиј).

Тајната Книга се претпоставува дека ги содржи основите на Богомилското верување, познато исто така и како Катаризам (Богомилите, прогонувани од страна на црквата, ја напуштаат нивната татковина и почнуваат да се селат кон северо-запад, ширејќи го нивниот начин на живот и размислување секаде каде што оделе и преку Босна, Далмација, северна Италија, стигнуваат до југот на Франција, каде што тие (сега познати како Катари) ја оформуваат својата нова татковина.

Тајната книга © 2005